Вести

  • |

МИА, 31.08.2010


Децата патуваат одвоено од возрасните во авионите на „Ер Франс“


ариз, 31 август 2010 (МИА) - Француската авиокомпанија „Ер Франс“ за да ги заштити од евентуални акти на педофилија малолетниците кои патуваат без придружба во авионите на компанијата, одлучи тие да патуваат одвоено од другите патници, јави дописникот на МИА од Париз. Целта на одлуката на француската авионска компанија е да се избегнат обвинувањата за сексуални напади во нејзините авиони. Одлуката на „Ер Франс“ доби одобрување од Генералната дирекција за цивилна авијација на Франција, која смета дека оваа мерка е во согласност со општите мерки за борба против педофилијата. Синдикатите на „Ер Франс“, од нивна страна сметаат дека мерката е ризична поради безбедноста на децата во авионите. Со најновата мерка на „Ер Франс“ не е дозволено во ист блок на седишта да седи едно малолетно дете до возрасен, освен во случај ако авионот е полн. Новиот прирачник за летање беше подготвен во февруари годинава, откако на неколку летови кон САД биле забележани поплаки. Бројката на поплаките е доверлива и „Ер Франс“ нема намера да прави рекламам а правните служби на компанијата стравува од обвинувањата против компанијата дека од негрижа дозволила вакви акти. Прирачникот на „Ер Франс“ сепак појаснува дека присуството на еден возрасен патник во соседниот блок на седишта во истиот ред е задолжителен, поради безбедноста на малолетниците. Според синдикатите, оваа мерка не е во согласност со безбедносните мерки во авионите, кои бараат во случај на губење на притисокот во авионот, возрасниот патник прв да стави маска за кислород и потоа тој да му ја стави на детете седнато до него. Исто како и плановите за ургентена евакуација на авионите кои бараат децата да бидат ставени меѓу два возрасни патници. Мерката е веќе на сила во британската компанија „Бритиш Ервајс“, која беше осудена за дискриминација и на казна од 4.167 евра откако побарала од еден маж да го смеи седиштетот бидејќи бил седнат до дете. За да избегне да биде обвинета за дискриминација, „Ер Франс“ оваа мерка на оддалечување на малолетните деца од возрасните ја применува еднакво како за мажите, така и за жените. тг/сп/9:49

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika