Вести

  • |

МИА , 26.08.2010


Еден пилот загина, а двајца се повредени во судар на два воени авиони во близина на Островот Крит


Атина, 26 август 2010 (МИА) - Спасувачките екипи го пронајдоа телото на пилотот на еден од воени авиони Ф-16, кои се судрија денеска во близина на Островот Крит. Телото на загинатиот пилот е пронајдено во морето по повеќе од два часа по несреќата. Двајцата пилоти од другиот авион успеале да се катапултираат и се пронајдени во морето јужно од Островот веднаш по несреќата. Два грчки воени авиони Ф-16 се судрија денеска во воздушниот простор југозападно од Островот Крит. И двата авиони се од составот на 340-та ескадрила од воената база на НАТО во градчето Суда на Крит. Инцидентот се случил за време на воена вежба. аа/ми/17:40

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika