Вести

  • |

МИА , 06.08.2010


Едно лице загина при експлозија на филипински аеродром


Замбоанга, 5 август 2010 (МИА) - Во силна експлозија на аеродром во јужниот дел на Филипини едно лице загина, а деветмина се повредени. Експлозијата се случила пред патничкиот излез на аеродромот во градот Замбоанга.

Филипинската полиција се уште утврдува дали загинатото лице на себе носело експлозив. Филипинската провинција Сулу се простира јужно од градот Замбоанга и е упориште на милитантната група Абу Сајаф позната по бомбашките напади и киднапирања. Абу Сајаф е поврзана со Ал Каеда. ми/15:12

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika