Вести

  • |

МИА, 09.08.2010


Заеднички вежби на воздухопловните сили на Русија и САД


Енкориџ, 9 август 2010 (МИА) - На Алјаска започнаа четиридневните заеднички антитерористички вежби „Виџилант игл“ на кои ќе учествуваат воздухопловните сили на Русија, САД и Канада, јави Би-Би-Си.

Во вежбите ќе учествуваат и цивилни експерти на руската Федерална служба за воздушен сообраќај и на американската Сојузна управа за цивилен воздушен сообраќај како и претставници од Командата за вселенска одбрана на Северна Америка НОРАД. Во вежбите ќе учествуваат американските воени авиони Ф-22 Раптот, руските Миг - 31, разознавачките авиони АУАКС, А-50 и Боинг Е-3Б и авиони цистерни за полнење гориво во воздух.

Според програмата воздухопловните сили на Русија и САД треба да пресретнат и следат авион киднапиран од терористи над Тихиот Океан меѓу Алјаска и рускиот Далечен Исток. Првично вежбите беа планирани за 2008 година, но по војната во Јужна Осетија американската страна се откажа и дури во декември минатата година Русија и САД се согласија повторно. аа/нд/8:47

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika