Вести

  • |

Нетпрес, 31.08.2010


За осум отсто зголемен бројот на прелетите


За осум отсто се зголемил бројот на прелети над македонското небо во текот на јули годинава во однос на јули лани, според податоците ма Централното биро за наплата од Еуроконтрол, соопшти М–НАВ. “Македонскиот воздушен простор во јули го прелетаа 15.613 воздухоплови што е најголема бројка досега за периодот на месец јули со просек од 503 прелети дневно над Македонското небо. Рекорден ден е саботата на 31.07.2010 кога Македонија ја прелетале 613 авиони. Вкупниот број на комерцијални воздухопловни операции, влучувајќи ги и слетувањата и полетувањата на Александар Велики и Свети Апостол Павле, за јули изнесува 16.917“, се вели во информацијата од М-НАВ. Прогнозите се дека трендот на зголемување ќе се задржи на годишно ниво, со исклучок на август кога се регистрирани помал број на летови кон грчките дестинации, најверојатно како последица на намалување на интересот на големите туроператори по неодамнешните случувања кај јужниот сосед.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika