Вести

  • |

МИА, 31.08.2010


Зголемени прелетите над Македонија во јули за осум проценти


Скопје, 31 август 2010 (МИА) - Македонската контрола на летање М-НАВ минатиот месец регистрира зголемен број на наплатни единици од прелетите над Македонија за осум проценти во однос на истиот период лани. Зголемувањето е за 2,6 проценти поголемо и од европскиот просек кој за јули е 5,4 проценти, соопшти М-НАВ врз основа на податоците на Централното биро за наплата на Еуроконтрол. Македонскиот воздушен простор во јули го прелетале 15.613 воздухоплови што е најголема бројка досега за тој месец јули со просек од 503 прелети дневно. Рекорден ден е саботата, на 31 јули, кога Македонија ја прелетале 613 авиони. Вкупниот број на комерцијални воздухопловни операции, влучувајќи ги и слетувањата и полетувањата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и охридскиот „Свети Апостол Павле“, во јули изнесува 16.917. - Бројот од 25.234 реализирани наплатни единици од прелетите, е највисок остварен досега на месечно ниво, а јулските осум проценти претставуваат најголемо процентуално зголемување на месечно ниво по тоа во април минатата година кога зголемувањето на бројот на наплатни единици изнесуваше 11,4 проценти, с евели во соопштението од М-НАВ, според чии статистики бројот на операции на домашните аеродроми е зголемен за 3,2 проценти. М-НАВ укажува дека по зголемувањето од 6,2 проценти за јуни годинава, во јули продолжува трендот на стабилизирање на воздушниот сообраќај во Југоисточна Европа, по кризата предизвикана од рецесијата и облакот од вулканската прашина во април и мај годинава. Прогнозите се дека трендот на зголемување ќе се задржи на годишно ниво, со исклучок на август во кој се регистрирани помал број летови кон грчките дестинации, најверојатно како последица на намалување на интересот на големите туроператори по неодамнешните случувања кај јужниот сосед. - Сите човечки и технички ресурси во М-НАВ работат со максимален капацитет и најпрофесионално ги извршуваат сите оперативни работни задачи во текот на целата летна сезона, при што критериумите за обезбедување на потребното ниво на безбедност и ефикасност во услугите за воздухопловна навигација континуирано се одржуваат на највисоко ниво, се вели во соопштението.лв/скс/12:57

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika