Вести

  • |

МИА, 18.08.2010


Ирански воен авион се урна близу АЕЦ Бушехр


Техеран, 17 август 2010 (МИА) - Во иранската провинција Бушехр се урна воен авион Ф-4 од иранските ВВС. Инцидентот се случил околу шест километри од главниот град на провинцијата Бушехр. Двајцата пилоти успеале да се катапултираат, но се хоспитализирани. Според првични информации, причина за катастрофата е техничка неисправност. Авионот се урнал на 40 км. од АЕЦ Бушехр. Првата иранска атомска електроцентрала која се гради од 1975 година (од средината на 90-те со учество на Русија) ќе биде пуштена во експлоатација на 21 август. Иранските ВВС имаат американски авиони Ф-4 Фантом купени пред Исламската револуција во 1979 година. зш/16:58

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika