Вести

  • |

Сител, 26.08.2010


Канада пресретна два руски бомбардера


Канадски воени авиони пресретнале над Арктикот два руски бомбардера кои се приближувале до воздушниот простор на Канада, соопштија од Кабинетот на канадскиот премиер Стивен Харпер. Директорот задолжен за комуникации од Кабинетот, Димитри Судас изјави дека канадски воени авиони вчера во меѓународниот воздушен простор пресретнале руски стратешки авиони ТУ-95. Според него, бомбардерите летале 50 км. од канадска територија. - Благодарение на брзата реакција на канадските сили, руските авиони ниту во еден момент не влегоа во канадскиот воздушен простор, изјави Судас. Канада ги поврзува неодамнешните руски прелети во областа на Арктикот со новите можности за експлоатација на нафта, гас и минерали што се отвораат на Арктикот поради топењето на глечерите. Руски бомбардери и порано се пресретнувани недалеку од Арктикот, а Москва тврди дека авионите не го повредиле канадскиот воздушен простор и оти канадските власти биле известени за летовите. Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika