Вести

  • |

Алфа ТВ, 25.08.2010


КИНА -ПРОНАЈДЕНА ЦРНАТА КУТИЈА НА УРНАТИОТ АВИОН


Црната кутија на авионот на компанијата „Хенан Ерлајнз“, кој вчера се урна во североисточниот дел на Кина, е пронајдена. Истовремено Кинеската агенција за цивилно воздухопловство соопшти дека неколку кинески авиокомпании претходно најавиле за проблеми со авионите „Ембраер 190“, од чиј тип беше и авионот во вчерашната несреќа. Овие авиони се произведени во Бразил, од каде допатуваа и технички експерти во Кина, со цел да се истражат причините за трагедијата во која загинаа 42 лица, а 53 се повредени. Констатирано е дека проблемите кои се јавуваат кај овој тип на авиони се поврзани со кршење на авионските турбини и неправилно функционирање на системите за контрола на летот во самите авиони. Засега причините за авионската несреќа остануваат непознати, меѓутоа медиумите објавија дека можно е таа да се случила и поради лошото време и густата магла. Авионот полетал околу еден час порано од главниот град на провинцијата Хејлонгџианг, Харбин. Локалните власти потврдија дека авионот се урнал откако не извршил правилно слетување и излетал од пистата. Леталото се запалило, а пожарот бил веднаш изгаснат. Пилотот на авионот ја преживеа несреќата, но се наоѓа во тешка здравствена состојба и не може да биде испрашуван.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika