Вести

  • |

МИА , 31.08.2010


Лондон и Париз се договараат заеднички да ги употребуваат своите носачи на авиони за да се заштедат пари


Лондон, 31 август 2010 (МИА) - Носачите на авиони на воените морнарици на Велика Британија и на Франција наскоро би можеле да се „интегрираат“ и заеднички да патролираат извршувајќи ги своите безбеднсни мисии за двете земји, како мерка за намалување на воените трошоци и за штедење на министерствата за одбрана на двете соседни земји, јави дописникот на МИА од Лондон. Ваквиот анганжман што заеднички го подготвуваат Лондон и Париз, се очекува да биде промовиран во ноември за време на средбата меѓу британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Никола Саркози. Велика Британија има два носачи на авиони, додека Франција само еден. Практичната примена на овој договор би почнала набргу потоа, на тој начин што еден од вкупно трите носачи на авиони што ги имаат двете земји, постојано би бил во должност на отворено море работејќи во истовреме за заштита на британските и на француските интереси. Во Лондон се истакнува дека станува збор за „план без преседан“ во армијата и во односите меѓу двете земји, иако тие се сојузници и членуваат заеднички во НАТО. Но, за „Тајмс“, ваквиот аранжман на коалиционата Влада на Камерон е „контроверзна мерка“. Според весникот, без разлика што аранжманот покажува како армиските сили може да се прилагодат на времето на штедење и кратење на буџетските трошоци, тој е серизона закана за повеќе илјади вработени во британските бродоградилишта, особено што веќе се почнати работите на изградабата на два нови британски носачи на авиони, договорени во време на претхдната лабуристичка Влада, што треба да го чинат буџетот 5,2 милијарди фунти. По промовирањето на планот за заедничка употреба на носачите на авиони со Франција, изградбата на британските бродови или ќе биде прекината или ќе се одлучи планот за обнова на флотата да се преполови, така што ќе се продолжи со изградбата на само еден носач. ти/сп/12:45

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika