Вести

  • |

МИА , 16.08.2010


МАТ Ервејс од идниот месец со редовни чартер летови кон европските метрополи


Скопје, 16 август 2010 (МИА) - Од 15 септември МАТ Ервејс ќе воведе редовни чартер линии кон европските метрополи. Граѓаните ќе можат директно од Скопје да летаат за Швајцарија, Германија, Италија и други држави по 10 до 15 отсто пониски цени, најави денеска раководството на новоформираната компанија со 100 отсто српски капитал. Во соработка со туристичката агенција „Контики Скај“, пак, МАТ од 8 септември ќе почне со летови за Прага, Рим, Барселона,... Предвидени се и летови за Охрид зависно од интересот на патниците. - Нашиот план е да бидеме најдобри во авиобизнисот, полека, но сигурно да стигнеме до врвот. Приоритет ни се сигурноста, безбедноста и квалитетот, клучни за стекнување доверба кај патниците, истакна на прес-конференција претседателот на компанијата Зоран Милески. Развивање чартер сообраќај, влез во сите меѓународни воздухопловни асоцијации, почнување редовен авиосообраќај, пронаоѓање стратешки партнер и зголемување на флотата, се главните цели на МАТ Ервејс. Компанијата не ја исклучува можноста за станување редовен авиопревозник. Тоа реално би се случило, како што рече маркетинг дирекоторот Данијела Пусара, по најмалку три години. Сопственик на МАТ Ервејс е српската компанија Metropolitan investment group (МИГ). Компанијата моментно располага со еден авион „Боинг“ 737/500 купен лани на аукција во Лондон, а до крајот на годината планира да набави уште еден. мч/вј/11:40

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika