Вести

  • |

А1, 16.08.2010


МАТ Ервејс ќе понуди поевтини летови за 15%


Поевтини и редовни чартер летови најавува новоформираната авиокомпанија МАТ Ервејс. Од 15 септември компанијата од Скопје ќе лета за Швајцарија, Италија, Германија и други земји, а цените, според раководството, ќе бидат за 10 до 15% пониски од актуелните. Освен овие дестинации, во соработка со Контики Скај, ќе се воведат и чартер линии до Прага, Барселона и други европски градови. Компанијата има амбиции да стане лидер во авиобизнисот во земјава. - Нашиот план е да бидеме најдобри во авиобизнисот, полека, но сигурно да стигнеме до врвот. Приоритет ни се сигурноста, безбедноста и квалитетот, клучни за стекнување доверба кај патниците, вели претседателот на компанијата Зоран Милески. Викендов МАТ Ервејс го направил и првиот лет од Белград за Охрид и оваа дестинација ќе ја одржува се додека има интерес од патниците. Менаџментот повторно го актуелизира прашањето на национален авиопревозник, околу кое се поделени мислењата. - Во Македонија е потребен национален авиопревозник и време е да се заземе тој пазар. Планираме да се прошириме и на косовскиот пазар, но во наредните три до пет години ние сакаме да се покажеме како чартер авиокомпанија бидејќи пазарот е голем и има потенцијал, рече ПР менаџерот на авиокомпанијата Данијела Пусара. Владата, како и некои од фирмите од авиобизнисот сметаат дека ова е застарен концепт од кои државите во регионот се ослободуваат преку приватизација на државните авиокомпании. Од друга страна, конецсионерот на аеродромите ТАВ смета дека оснивањето на национален авиопревозник е клучен за развој на пазарот. МАТ Ервејс е во сопственост на српската Метрополитен Инвестмент Груп, чија компанија е и туроператорот Контики. Во Македонија го презеде брендот, кадрите и авионот на Македонски авиотранспорт. Најавува проширување на флотата со уште еден авион. Филип Момировски Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika