Вести

  • |

Дневник, 16.08.2010


„МАТ Ервејс“: 15 отсто пониски цени на чартер летови


МАТ Ервејз најавува за 15 отсто пониски цени за чартер летовите. Од септември ќе воведат редовни чартер летови од Скопје за Швајцарија, Германија и Италија.„Нашиот план е секако зголемување на флота и набавка на повеќе авиони. Развој на чартер сообраќај, влез во сите меѓународни воздухопловни организации, отпочнување со редовен авиосообраќај, пронаоѓање на стратешки партнер“, рече Зоран Милески, претседател на УО на МАТ Ерјвејз.„Ние сме чартер редовна компанија, чартер летовите се супер, но на пазарот во Македонија му е потребен национален превозник. Сега е вистински момент да се преземе тој пазар. Ние на тој начин ќе го имаме и косовскиот пазар, што е многу значајно, потенцијалот на овој регион е голем и имаме надеж. Планот ни е да станеме национален авиопревозник, но не во моментот“, изјави Даниела Пусара, маркетинг директор на МАТ Ервејз.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika