Вести

  • |

Нова Македонија, 07.08.2010


Нов „боинг“ во флотата на „Ерлифт сервис“


Домашниот авиопревозник „Ерлифт сервис“ вчера го промовира вториот авион во флотата од типот „боинг 737-300“. Новиот авион ќе биде брендиран во текот на неделава и, освен името на компанијата, ќе го носи и логото на ФК Работнички, чиј официјален спонзор е компанијата „Скајвингс“, пренесе МИА

Новиот авион од септември ќе лета и на две нови дестинации, Штутгарт и
Копенхаген, а се планира на дестинацијата Скопје - Диселдорф, наместо
досегашните два пати, да се лета три пати неделно. „Ерлифт сервис“ има
редовни линии и за Истанбул, Брисел, Рим, Цирих, Виена и Хамбург.

Во моментов покриваме 30-40 отсто од авиопазарот во Македонија, што
значи дека за една година постоење постигнавме многу. Веќе имаме два
авиона во флотата, а до 15 декември годинава планираме да набавиме уште
еден авион од типот „боинг“, но од поновата генерација 737-700 - рече
Ајан Џафероски на вчерашната прес-конференција.

На прашањето дали по добивањето дозвола за редовен авиопревозник во Македонија добиле слични дозволи и од другите земји каде што летаат, Џафероски рече дека нивните операции се одобрени од сите шест земји во кои лета авиокомпанијата.

-Сите шест земји нé прифатија како редовен авиопревозник и без забелешки ги поминавме сите инспекции - рече Џафероски.

Тој посочи дека компанијата има одлична соработка со ТАВ, новиот концесионер со македонските аеродроми.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika