Вести

  • |

МИА, 19.08.2010


Обновени цивилните летови меѓу Русија и Грузија


Москва, 18 август 2010 (МИА) - Цивилните летови меѓу Русија и Грузија беа обновени две години по петдневната војна меѓу двете земји. Руските авијациски власти ги одобрија директните летови меѓу Москва и Тбилиси на Грузиските авиолинии и руската компанија „Сибир“. Цивилните летови меѓу двете земји беа прекинати поради војната во август 2008 година, иако непосредно после тоа Русија даде зелено светло за некои чартер летови на грузиските авиолинии. Дипломатските односи меѓу Русија и Грузија остануваат замрзнати. Русија испрати војски во Грузија во август 2008 година, откако грузиската армија го нападна Цхинвали - престолнина на сепаратистичката грузиска република Јужна Осетија. Воениот конфликт што уследи беше прекинат со примирје, предложени од Европската унија. нд/18:37

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika