Вести

  • |

Утрински весник, 24.08.2010


Од петок визно олеснување со Украина


Од петок стартува визното олеснување за краткорочните и транзит-патувањата во УкраинаАмбасадата на Украина во соопштението до медиумите информира дека од 27 август влегува во сила спогодбата со која државјаните од двете земји ќе можат да патуваат без визи.Државјаните на Македонија што имаат оригинална покана од украинското министерство за внатрешни работи во Украина ќе можат да влегуваат без визи и да престојуваат не повеќе од 90 дена поради деловни контакти, размена во научно-техничката, културната и спортската сфера, посета на роднини или познаници, лекување, студирање...За македонските туристи што патуваат врз основа на оригиналните туристички ваучер и потврда од украинска туристичка фирма за прифаќање на странскиот турист, предвиден е безвизен влез со можен престој до 30 дена.Предвиден е безвизен режим и за државјани што патуваат транзитно, односно со престој не повеќе од пет дена, под услов на поседување документи што ја потврдуваат целта на патувањето, односно виза за трета земја, патен билет, дозвола за престој, документи што го потврдуваат транзитниот карактер на меѓународните товарни и патнички превози со автомобилски транспорт и железнички транспорт преку териториите на државите. (МИА) #

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika