Вести

  • |

МИА , 05.08.2010


Патнички авион се врати на аеродромот во Бирмингем веднас по полетувањето поради пожар


Лондон, 4 август 2010 (МИА) - Авион на британската чартер компанија „Монарх“ синоќа се врати назад на аеродромот во Бирмингем само десет минути по полетувањето, поради пожар на еден од моторите. Како што јави дописникот на МИА од Лондон, авионот летал на редовната чартер линија со туристи кои патувале на одмор во Тенерифе на Канарските острови. Никој од вкупно 213-те патници во авионот не е повреден во овој инцидент.

Претставник на аеродромските власти изјави дека авионот сосема безбедно слетал назад на бирмингемскиот аеродром и притоа немало потреба да интервенираат противпозарните служби, затоа што пожарот самиот се изгаснал.

Некои од патниците изјавија дека веднаш по полетувањето забележале оган на левиот мотор на авионот, а потоа и црн чад. Дел од патниците велат дека имало мало тресење на леталото, но претставникот на компанијата „Монарх“ објасни дека ведаш по слетувањето е утврдена причината за „малиот пожар“. Тој нагласи дека во ниту еден момент немало опасност за безбедноста на патниците, но дека било решено авионот веднаш да се врати назад. Патниците уште синоќа беа префрлани за Шпанија со друг авион. ти/сп/7:23

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika