Вести

  • |

МИА, 08.08.2010


Пожарите околу Москва продолжуваат да беснеат


Москва, 8 август 2010 (МИА) – Расте загриженоста за здравјето на луѓето поради густиот чад над Москва околу која беснеат пожари. Московјани го напуштаат градот бегајќи од чадот во кој има шестпати повеќе штетни материи од дозволеното, а туристичките организации овој викенд ги продадоа сите аранжмани за Египет и Црна Гора.

Видливоста во Москва е толку намалена што ниту одблизу не е можно да се видат зградите, а воздухот е толку загаден што е речиси неможно да се дише, јавуваат локалните медиуми. Полетувањето на десетици авиони од московските аеродроми е одложено. На аеродромот Домодедово блокирани се околу 2.000 туристи. Според метеоролозите, чадот нема да се исчисти пред среда, а незапамтените горештини нема да попуштат ниту следните седум дена. Министесртвото за кризни ситуации предупреди на опасност од ширење на пожарите на запад во Русија. Според официјалните податоци, 52 луѓе ги загубија животите во пожарите, цели села се уништени, а само вчера гореа 193.500 хектари шума.

Московските власти соопштија дека отвориле над 120 антисмог центри, опремени со климатизери кои се отворени за граѓаните. Тие се отворени во владини згради и болници. Повеќето станови во Москва немаат климатизери. Властите соопштија дека се регистрирани 49 пожари околу Москва. Во изминатото деноноќие избувнале над 250 нови пожари. зш/15:56

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika