Вести

  • |

Дневник, 16.08.2010


Пожари на повеќе места во Грција


Тропските температури кои во изминатите денови ја зафатија Југоисточна Европа, предизвикаа шумски пожари на повеќе места во Грција каде температурата во некои места се движи над 35 степени Целзиусови. Голем пожар избувна во непосредна близина на Атина, во шумскиот дел во областа Вари. Во неговото гаснење учествуваат пожарникари, специјални авиони и еден хеликоптер.Уште еден пожар е забележан во подрачјето на Атина, но огнот е ставен под контрола. Пожарникарите се борат со пожарите и на островот Китира, во југоисточниот дел на Егејското Море. Според најновите извештаи, гори и шумата во областа Темелија, во северозападниот дел на земјата.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika