Вести

  • |

МИА, 26.08.2010


Преживеа пилотот на патничкиот авион што се урна вчера во Кина


Пекинг, 25 август 2010 (МИА) - Пилотот на патничкиот авион што се урна вчера во Кина ја преживеа несреќата, објави електронското издание на весникот „Чајна дејли“. Пилотот во моментот се наоѓа во болница. Тој разбира што му се зборува но не може да комуницира поради сериозните повреди на лицето. Најмалку 42 лица загинаа вчера при уривањето на патничкиот авион во кој се наоѓаа 96 патници и членови на екипажот, откако леталото излета од пистата и се запали во градот Јичун во северноисточната кинеска провинција Хејлонгџианг. Во несреќата повредени се 49 патници, кои веднаш се префрлени во болница со изгореници по телата или фрактури. нд/12:10

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika