Вести

  • |

МИА, 03.08.2010


Пронајдена црната кутија од пакистанскиот авион кој се урна близу Исламабад


Исламабад, 31 јули 2010 (МИА) - Црната кутија од пакистанскиот авион кој се урна во средата во близина на Исламабад, е пронајдена и таа може да даде значајни информации за причините за несреќата во која загинаа 146 патници и шест членови на екипажот. Црната кутија е во добра состојба, но на нејзините податоци може да се чека повеќе недели бидејќи Пакистан поради недостиг од експерти и технологија во таа област, ќе ја испрати во друга земја на декодирање. Претставник на пакистанската Влада изјави дека црната кутија е пронајдена во опашката на авионот и е предадена на авијацијата. Иако засега не се познати причините за урнувањето на авионот „Ербас 321“, се претпоставува дека меѓу причините за несреќата се густата магла и обилниот дожд кој со денови врне во тој дел на Пакистан. Авионот се урна на ридот Маргала на два километри од центарот на Исламабад. Авионот во сопственост на приватната пакистанска авиокомпанија „Ерблу“, леташе од Карачи за Исламабад. рп/15:24

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika