Вести

  • |

МИА, 09.08.2010


„Росавијација“: Чадот од пожарите не влијае на работата на московските аеродроми


Москва, 9 август 2010 (МИА) - Намалената видливост поради чадот од пожарите нема значително влијание врз работата на московските аеродроми, соопшти денеска руската Федерална агенција за воздушен транспорт „Росавијација“.

Според податоците на агенцијата во изминатото деноноќие од аеродромите во главниот град полетале повеќе од 100 илјади лица, што претставува дневен рекорд за оваа година. Во истиот период слетале 879, а полетале 845 авиони. Од „Росавијација“ овие бројки ги коментираат како потврда дека чадот не влијае врз работата на аеродромите.

Изутринава на „Домедово“ видливоста изнесувала 750 метри, поради што се откажани пет полетувања и се пренасочени осум слетувања. На „Внуково“ видливоста изнесувала 900 метри и се откажани три полетувања и шест слетувања. Додека, „Шереметиево“ каде видливоста изнесува 900 метри работи без никакви ограничувања. аа/ссм/11:23

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika