Вести

  • |

МИА, 12.08.2010


Русија, САД и Канада ги утврдија зоните на одговорност над Тихиот океан во спречувањето грабнувања авиони


Москва, 11 август 2010 (МИА) - На првата заедничка антитерористичка вежба „Внимателен орел 2010“ на воено-воздухопловните сили на Русија, САД и Канада се утврдија зоните на одговорност на трите земји над северните делови од акваторијата на Тихиот океан во спречувањето на киднапирања авиони, соопшти на прес конференција командантот на руските воено-воздухопловни сили (ВВС) генерал-полковник Александар Зилин, цитиран од руските медиуми.

-Тоа ќе помогне во иднина да се спречи повторување на трагедијата од 11 септември 2001 година, подвлече генералот. -Успешно заврши оваа денешна заедничка вежба. Веќе дадов команда нашите авиони да се вратат во своите бази, кажа Зилин.

Неопходноста од таков тип вежби е предизвикана од „потенцијалната опасност од грабнувања на авиони и нивното насочување кон територијата на Русија, САД или Канада, додаде Зилин. -Требаше да ги одработиме заедничките активности: пренесување на управувањето со ВВС на една од земјите на ВВС на другата земја, прифаќање на грабнатите авиони, заедничките активности за да се принуди авионот да слета, како и други задачи, за да не дозволиме да ни се повтори 11 септември. Според генерал-полковник Зилин антитерористички вежби на ВВС треба да се организираат и на територијата на земјите од ЗНД. сд/15:29

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika