Вести

  • |

Дневник, 16.08.2010


Се зголемува конкуренцијата во авиобизнисот


Авиокомпанијата „Мат Ервејс“ најавува дека од септември ќе ја зголеми конкуренцијата во македонскиот авиобизнис. Оваа компанија, која е сопственост на српската Метрополитен инвестмент груп, летово веќе превезуваше патници за аранжманите на агенцијата „Кон тики скај“. Првите луѓе на „Мат Ервејс“ најавуваат летови од Скопје и Охрид кон Швајцарија, Германија и Италија. Од „Мат Ервејс“ планираат да влезат и на косовскиот пазар. Ова е втора регистрирана македонска авиокомпанија. На домашниот пазар веќе постои „Ерлифт сервис“ на „Скај вингс“ - компанија која од воздухопловната власт има дозвола да изведува редовни летови. Жарко Настоски

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika