Вести

  • |

Алфа ТВ, 24.08.2010


Се урна авион во Непал со 14 патници


Мал авион со 11 патници и три лица екипаж се урна во Непал. Во авионот имало петмина Американци и еден јапонски турист, а останатите се Непалци, изјави претставник на непалската Управа за цивилна воздушна пловидба. Имињата на жртвите не се соопштени.Авионот Дорние на приватна непалска компанија се урнал на 80 км од Катманду. Летал за Лукла, пункт кон Еверест за туристи и алпинисти, но поради поројни дождови бил принуден да заврти обратно кон Катманду. Спасувачите, се обидуваат да дојдат до местото на несреќата со помош на локалните жители. Во таа област нема улици, а единствените три патеки кои водат до најблискиот град се поплавени. Според Еј-Би-Си, најверојатно нема преживеани во несреќата.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika