Вести

  • |

МИА, 25.08.2010


Се урна патнички авион во Кина, спасени 47 лица


Пекинг, 24 август 2010 (МИА) - Авион со 96 патници и членови на екипажот денеска се урна во Јичун, во североисточниот дел на Кина, соопштија кинеските медиуми повикувајќи се на извори во Владата и авиокомпанијата. Засега најмалку 47 лица кои патувале со авионот се спасени, објавија западните медиуми. Авионот се урна во провинцијата Хејлонгџианг, а на нестото на несреќата пристигнуваат екипи на итна медицинска помош и спасувачи. Леталото, кое се урна околу еден час по полетувањето од главниот град на провинцијата Харбина, му припаѓа на авиокомпанијата „Хенан ерлајнз“. гс/18:39 ###

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika