Вести

  • |

Утрински весник, 07.08.2010


„Скајвингс“ ќе лета со нов авион


Авионот од типот „боинг 737-300“ е втор авион на компанијата Домашниот авиопревозник „Ерлифт - Скајвингс“ од средата стана сопственик на уште еден авион од типот „боинг 737-300“. Ова е втор авион на компанијата што постои повеќе од една година. Авионот ќе биде брендиран во текот на следната недела, а како што информираа од „Ерлифт“, освен името на авиокомпанијата и нивното лого, ќе биде ставено и логото на фудбалскиот клуб „Работнички“, чиј официјален спонзор е „Скајвингс“.

Новиот авион ќе се движи на веќе постојните релации, а не е исклучена можноста од септември да лета и на две нови дестинации, Штутгарт и Копенхаген. На вчерашната прес-конференција, директорот на „Ерлифт“, Ајан Џафероски, најави дека планираат во декември да ја збогатат флотата и со трет авион од понова генерација „737-700“. Џафероски појасни дека „Скајвингс“ е редовен авиопревозник, а не национален, како што беше објавено од нивна страна при добивањето дозвола за редовен авиопревозник од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Освен од АЦВ, „Скајвингс“ има дозвола за редовен авиопревозник од државите кон кои и од кои остварува летови. На прашањето дали ќе работат на избегнување на проблемите со доцнењето и со дефектите на авионите, како што неодамна се случи со еден авион на „Скајвингс“ на летот од Виена, Џафероски истакна дека вакви дефекти се секојдневје во авионскиот сообраќај. Посочи дека доцнењето не е толку голем проблем како безбедноста на авионите, што за нивната компанија е прв и основен приоритет. Тој истакна дека имаат одлична соработка со ТАВ, како нови сопственици.

За него и за „Скајвингс“ се позитивно одредени нови програми што ги вовеле од ТАВ, а кои во преден план ги ставаат потребите на патниците и на превозниците, а не потребите на компанијата-сопственик. Во однос на можноста за поевтини авиобилети, директорот на „Скајвингс“ објасни дека планираат да задржат пониска цена за летовите кон Виена, но оти високата цена на керозинот и на одредени такси, сепак, не е можно да има цени како во нискобуџетните компании. „Цената на керозинот во Македонија е се' уште многу висока“, изјави Џафероски. (М.П.) #

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika