Вести

  • |

Нова Македонија, 08.08.2010


Србија ќе гради воен аеродром во Ирак


Ирак е заинтересиран да ја ангажира Србија за реконструкција на една воздухопловна база, за изградба на воена болница, како и за испорака на муниција од сите калибри, изјави српскиот министер за одбрана Драган Шутановац .

Според Шутановац, кој се наоѓа во повеќедневна посета на Ирак, се очекува засилување на воената соработка меѓу двете земји по формирањето на новата ирачка влада. Тој нагласил дека најголем дел од српскиот воен извоз во 2009 година, во вредност од 300 милиони долари, бил наменет токму за Ирак.

Како што пренесува „Блиц“, ирачката војска досега нарачала 20 воени авиони од типот „ласта 95“, со барање тие да бидат оспособени за обука и за борбени дејства.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika