Вести

  • |

МИА, 28.08.2010


Судар на два грчки воени авиони во близина на Крит


Атина, 26 август 2010 (МИА) - Два грчки воени авиони Ф-16 се судрија денеска во воздушниот простор југозападно од Островот Крит. И двата авиони се од составот на 340-та ескадрила од воената база на НАТО во градчето Суда на Крит. Инцидентот се случил за време на воена вежба. Еден од авионите бил управуван од двајца пилоти, а додека во другиот имал само еден пилот. - Спасувачките екипи пронајдоа двајца од пилотите, живи и без посериозни повреди, соопшти Генералштабот на грчките воени поморски сили. Пилотите се пронајдени во водите на Егејското Море, а продолжува потрагата по третиот пилот. аа/ми/15:18

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika