Вести

  • |

Алфа ТВ, 03.08.2010


„ТАВ гради“ - во име на инвеститорот објаснува владата


Од владата денеска информираат дека аеродромот се реконструира. Сепак, не успеавме да добиеме дозвола да снимиме на кои пунктови се вршат градежни работи. Според агенцијата за односи со јавност на турскиот инвеститор, претставниците на ТАВ не планираат да контактират со медиумите пред крајот на летото, но според информациите на министерството за транспорт и врски ТАВ веќе работи. Почнало да се копа за нова терминална зграда, се преместиле кабли за изградба на карго-зграда. На едно место е поставен бетон за противпожарна зграда и се копа за нов хангар.

На снимките направени вчера сепак не се гледа дека на аеродромот се во тек градежни активности.Како дел од проектот кој го склучи Владата со турската компанија ТАВ, за реконструкција и доизградба на скопскиот аеродром „Александар Велики“ треба да се направи и проширување на пистата, нов пристапен пат со клучка, изградба на паркинг за авиони и автомобили, инсталирање на системите за навигација, изградба на комунална инфраструктура, доградба на административната зграда и снабдување со нова опрема за работа на скопскиот аеродром согласно меѓународните стандарди.

Според договорот со Владата ТАВ треба да вложи 200 милиони евра во реконструкција и модернизирање на скопскиот и охридскиот аеродром во рок од две години, а требаше да гради и карго аеродром во Штип.ТАВ во март го презеде стопанисувањето со аеродромите со уште незатворена финансиска конструкција,која се решаваше со кредити од повеќе странски банки и меѓународни институции.Марија Мининчиќ

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika