Вести

  • |

Нова Македонија, 04.08.2010


Четири лица преживеаја авионска несреќа во Сибир


Единаесет лица загинале, а четворица се повредени кога руски патнички авион се урнал при слетување во близината на аеродромот кај сибирскиот град Игарка.

Руските медиуми пренесуваат дека во несреќата животот го загубиле 10
патници и еден член на екипажот, меѓу кои и едно дете. Уривањето на авионот „ан-24“ го преживеале капетанот на авионот, копилотот,
механичарот и еден патник, кој се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Според претставник на руското цивилно воздухопловство, најверојатна причина за уривање на авионот, во сопственост на локалниотавио превозник „Катекавиа“, се лошите временски услови во близината на аеродромот, каде што биле забележани магла и поројни дождови. Очевидци на несреќата изјавиле дека авионот експлодирал при слетувањето, по што преживеаните лица биле извлечени од остатоците на леталото.

Повеќе авиони од типот „ан-24“, чие производство запре во 1979 година, беа
вмешани во серија несреќи во изминатите години во Русија. И покрај
староста, руските компании, како и тие од поранешниот Советски Сојуз, сé уште го користат леталото, пренесува АФП.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika