Вести

  • |

МИА, 13.08.2010


Шест британски аеродроми се соочуваат со блокада поради штрајк на вработените во БАА


Лондон, 12 август 2010 (МИА) - Аеродромите „Хитроу“ и „Станстед“ во Лондон, како и аеродромите во Саутхемптон, Глазгов, Единбург и Абердин се соочуваат со блокада поради најавениот штрајк на помошниот персонал на британската компанија БАА која управува со овие шест аеродроми во Велика Британија, јави дописникот на МИА од Лондон.

Синдикалната унија Унита закажа за денеска гласање на членството за тоа дали треба да се организира штрајк на 19 август, а исходот на гласањето што првично беше најавен за пладневните часови е поместен за попледнето. Како главна причина за штрајкот на вработените во безбедносните и пожарникарските служби, како и помошниот персонал на аеродромите е посочен неуспехот на синдикатот и управата на БАА да се спогодат околу платите и условите за работа во следната година.

Премиерот Дејвид Камерон го осуди решението за штрајкување, инсистирајки дека тоа и наштетува на британската индустрија, на бизнисот, на угледот на земјата како туристичка дестинација, а им штети и на вработените. Повеќе стотици илјади британци и други патници ќе бидат погодени од штрајкот и блокирањето на аеродромите, доколку мнозинството од работниците, членови на синдикалната унија Унита се изјаснат за штрајкување. ти/аа/16:04

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika