Вести

  • |

МИА, 29.08.2010


ЈАТ и „Монтенегро ерлајнс“ ќе ги здружуваат флотите


Генералниот директор на „ЈАТ ервејс“, Срѓан Радовановиќ, најави дека српскиот авиопревозник од 31 октомври, кога почнува зимскиот ред на летање, ќе воспостави партнерски однос и ќе ја здружи својата флота со црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерланјс“, што ќе им овозможи да го зголемат бројот на дестинациите на кои ќе се лета од Белград, Ниш, Подгорица и од Тиват, како и да се добијат пониски цени на авиобилетите.На прес-конференција во Белград, Радовановиќ изјави дека српската и црногорската компанија имаат вкупно 22 авиони, од што ЈАТ има 14, а „Монтенегро ерлајнс“ - осум, како и тоа дека двете компании постигнале договор да не ги преклопуваат дестинациите, за да обезбедат поголем број расположливи авиони за нови дестинации.Тој изјави дека ова ќе им овозможи големи заштеди во гориво, како и заштеди при плаќањата такси за прелети, па од тие причини ќе се намали цената на билетите.Радовановиќ истакна дека ваквата соработка меѓу ЈАТ и „Монтенегро ерлајнс“, која вчера беше договорена во Подгорица, претставува зачеток на регионалната воздухопловна алијанса и дека сите авиокомпании од регионот, што имаат „комплементарни флоти“, се повикани да пристапат кон оваа алијанса. #

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika