Вести

  • |

Скопје, 21.10.2011


Агенцијата за цивилно воздухопловство и Агенцијата за електронски комуникации потпишаа Меморандум за деловно техничка соработка


 Агенцијата за цивилно воздухопловство и Агенцијата за електронски комуникации, денеска 20.10.2011 година потпишаа Меморандум за деловно техничка соработка, кој има за цел, имплементација на европските стандарди во безбедноста на воздушниот сообраќај и подигнување на контролата на радиофрекфенцискиот спектар.

Со Меморандумот, поставени се основи за заеднички надзор и контрола над работата на комуникациските услуги во контролата на летање, сертификацијата на уредите во воздухопловите, базните станици и антенските уреди во Република Македонија.

Со потпишаниот документ, двете Агенции се заложија и за заеднички настап во исклучително значајниот европски проект за сателитска навигација Галилео, кој треба да се имплементира во наредниот период, како стратешка определба на Република Македонија.

Двете агенции ја поддржаа и одредницата број 8 на Европската комисија за јакнење на институционалните капацитети и улогата на независните регулаторни тела во земјава.


Меморандум за соработка
  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika