Вести

  • |

Скопје, 04.10.2011


Мојсоски: Тренинг, компетентност, сертификација, како и концептите на FAB, SESAR, SMS и единствено европско небо се исклучително важна компонента во воздухопловната безбедност.


Во хотелот Александар Палас во Скопје, на 03.10.2011 година се одржа пленарна седница на 41 -во Генерално собрание на Меѓународната федерација на инжињерскиот персонал, кој работи на безбедноста во воздушниот сообраќај (IFATSEA).
На покана на претседателот на IFATSEA господинот Даниел Буле, на учесниците на свеченото отворање им се обрати и директорот на АЦВ, д-р Дејан Мојсоски.
Истакнувајќи го значењето на настанот за промоцијата на воздушниот транспорт во европски и светски размети, Мојсоски порача дека, темите како што се тренинг, компетентност, сертификација, но и концептите на FAB, SESAR, SMS, како и концептот на единствено европско небо, се исклучително важна компонента во системот на воздухопловната навигација, како сегмент од севкупната воздухопловна безбедност.
На свеченоста, претседателот на IFATSEA, Буле, на Мојсоски му додели специјално признание, за поддршката која АЦВ, ја даде во организацијата на овој настан, но и за севкупните заложби кои регулаторот ги прави во регулирањето на воздушниот транспорт во Република Македонија, но и пошироко.

Поздравно обраќање на д-р Дејан Мојсоски, Генерален Директор на АЦВ Р. Македонија, IFATSEA 41 Генерално Собрание
  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika