Вести

  • |

Скопје, 01.11.2011


Агенцијата за цивилно воздухопловство го потпиша ревидираниот Анекс на Работниот аранжман со Европската Агенција за воздухопловна безбедност ЕАСА од 2009 година


Со измените на ЕУ Регулативата 216/2008 се прошируваат надлежностите на Европската Агенција за воздухопловна безбедност ЕАСА во областите воздухопловна навигација и аеродроми.

Со цел да се рефлектира ваквото проширување на нејзините надлежности, ЕАСА достави до Агенцијата за цивилно воздухопловство ревидиран Анекс на Работниот Аранжман со кој се прошируваат нејзините надлежности во областа воздухопловна навигација.

Со ревидираниот Анекс на Работниот аранжман, ЕАСА ќе има ингеренции да го контролира вршењето на надзор над безбедноста на воздухопловна навигација во Република Македонија преку стандардизациони контроли на работењето на Агенцијата за цивилно воздухопловство и посети на овластениот давателот на услуги на воздухопловна навигација во Република Македонија.

Анекс 1
  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika