Вести

  • |

Скопје, 12.12.2011


Листа на воздухопловни стручњаци за 2012 година


Со цел навремено изготвување на Листата на воздухопловни стручњаци за 2012 година, која согласно член 137 став 3 од Законот за воздухопловство („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 14/06, 24/07, 103/08 и 67/10) на почетокот на секоја календарска година ја пропишува Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Ве информираме за следното:

Лицата кои веќе се во Листата на воздухопловни стручњаци како испитувачи за пилоти на авиони/хеликоптери и кои имаат важечко овластување за испитувач (FE) согласно JAR FCL 1 / 2 по автоматизам влегуваат во Листата на воздухопловни стручњаци за 2012 година, освен доколку од било која причина не се во можност да ја извршуваат функцијата испитувач. Доколку постои таква причина должни се да ја известат Агенцијата за цивилно воздухопловство за истата до 23.12.2011 година.

Лица кои немаат важечко овластување испитувач за пилоти на авиони/хеликоптери, а кои се заинтересирани за впишување во Листата потребно е претходно да се стекнат со овластување за испитувач. Условите за стекнување со овластување/авторизација за FCL 1 и 2 испитувач се наведени во Правилникот за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на пилоти на авион („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 44/08), Правилникот за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на пилоти на хеликоптер („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 121/09), како и Упатството со процедури за начинот на издавање, проширување, продолжување на важноста, обнова и одземање на овластување за JAR-FCL 1/2 испитувач (авион/хеликоптер), како и мерки за нивна стандардизација. По стекнување на овластувањето кандидатите за испитувачи за пилоти поднесуваат апликација со пополнување на образецот Form LIC/LS-1 и доколку ги исполнуваат потребните услови се впишуваат во Листата на воздухопловни стручњаци независно за кој период од годината се работи.

Сите останати лица за впишување во Листата на воздухопловни стручњаци за 2012 година, а кои не се опфатени со правилниците JAR FCL 1 и 2, потребно е да поднесат апликација со пополнување на образецот Form LIC/LS-2, според Правилникот за критериумите за овластување на лица за испитувачи во листата на воздухопловни стручњаци („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 44/2007).

Апликациите за Листата на воздухопловни стручњаци за 2012 година како и известувањата за спреченост за вршење на функцијата на веќе овластените испитувачи според JAR FCL 1 и 2 да се достават најдоцна до 23.12.2011 година на адреса:

Агенција за цивилно воздухопловство
Ул. Даме Груев бр. 1
1000 Скопје

Обрасците Form LIC/LS-1 и Form LIC/LS-2 се објавени на официјалната web страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство: www.caa.mk

За дополнителни информации во врска со Листата на воздухопловни стручњаци за 2012 година обратете се до Одделението за дозволи и воздухопловна медицина на телефон број 02 3181 614 и 02 3181 619.

Упатство со процедури за испитувачи FCL 1 и 2
Барање за впишување во листа на воздухопловни стручњаци
Барање за впишување во листа на воздухопловни стручњаци за пилоти FCL 1 и 2
  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika