Вести

  • |

Брисел, 17.03.2011


ИНФОРМАЦИЈА ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА АЦВ НА МЕЃУНАРОДНО ПОЛЕ


ИНФОРМАЦИЈА ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА АЦВ НА МЕЃУНАРОДНО ПОЛЕ

На 17 март 2011 година, Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство д-р Дејан Мојсоски, во својство на Шеф на делегацијата од
Република Македонија учествуваше на 92-та Сесија на Проширениот комитет за надоместоци од прелети (Enlarged Committee for route charges), која се одржа во седиштето на Eurocontrol во Брисел. По неговото именување за директор на Агенцијата на 27.12.2010 година, ова е негово прво учество во работата на ова тело кое има многу значајна улога и има доста извршни функции во смисла на надзор на системот за надоместоци и на подготвување на одлуки за Enlarged Commision.Овој комитет помага во работата на CRCO, исто така им овозможува на земјите членки да го надгледуваат функционирањето на заедничкиот систем и ја известува проширената Комисија во врска со средствата што се потребни за работа на системот за
надоместоци од прелети како и за средствата потребни за Националните надзорни власти, во смисол на надзор над работењето на давателите на услуги. (повеке за работата на овие тела види на ( http://www.eurocontrol.int ).
Пред усвојувањето на агендата на сесијата, г-динот Адријан Петреску, во својство на претседавач на Enlarged Committee,му го честиташе именувањето за Шеф на делегација на д-р Дејан Мојсоски и му посака добредојде и успешна понатамошна работа во ова тело.
По усвојувањето на агендата се премина на работа на овој комитет. Во текот на сесијата се разгледаа и се одработија многу точки меѓу кои и следниве:

  • ажурирање на SES (Single European Sky) имплементацијата; 
  • Извештај од работната група за надоместоци од прелети за нејзините активности околу промените на документите-"Принципи за воведување на трошковна основа за надоместоци од прелети и пресметка на "unit rate" и "Услови за примена на системот за надоместоци од прелети и услови за плаќање";
  • погледи и размислувања на корисниците на услуги од воздухопловната индустрија како и нивните очекувања за тросошите и надоместоците за 2012 година;
  • извештај на директорот на CRCO за специфичните стратешки интереси;
  • техничка интеграција на нови земји членки во системот за наплата на надоместоци од прелети;
  • процедури за одобрување на материјали со коресподенција;
  • методи за предвидување на пресметковните единици во 2011 година;
  • разгледување на проблемите околу наплаќањето на надоместоците од страна на воените власти на САД и Канада, статусот на летовите, напластените долгови, проблемите околу сметководствените прикази на истите и преземање на потребни чекори за донесување на конечна одлука за разрешување на овие проблеми;
  • донесување на одлука за задржување на воздухоплови на авиокомпании кои ги немаат подмирено своите обврски по однос на надоместоците од прелети, и 
  • утврдување на датуми за следните сесии на проширениот Комитет за надоместоци од прелети.

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika