Вести

  • |

Скопје, 02.03.2011


ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА


Почитувани,

Ве информираме дека, утре 03.03.2011 година во 13 часот во хотелот Александар палас во Скопје, Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе одржи ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА.
Повод за утрешната средбата новинарите, е завршувањето на тридневната работилница во организација на Европската комисија, Светската воздухопловна организација(ИКАО) и Регионалниот совет за соработка, како дел од програмата ИСИС(имплментација на едно европско небо во Југоисточна Европа) на тема Воздухопловна безбедност и перформанси.
На прес конференцијата ќе бидат презентирани програмата за работа и развој на Агенцијата и досегашните достигнувања.

Служба за односи со јавноста при АЦВ


*Белешка за едиторот

Агенцијата за цивилно воздухопловство е независно регулаторно тело со јавни овластувања утврдени со Законот за воздухопловство и има мисија
да ги регулира активностите на воздушниот транспорт во Република Македонија за да се постигне безбедно, сигурно, редовно, ефикасно, економски и еколошки одржливо национално цивилно воздухопловство, кое ќе биде во согласност со меѓународните стандарди и хармонизирано и интегрирано со Европската унија, во интерес на сите учесници а особено кон заштита на патникот.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika