Вести

  • |

Скопје, 11.05.2011


Чартер летови на Corendon Dutch Airlines за Ohrid


Почитувани патници,

Ве известуваме дека на 4 мај 2011г. Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија издаде одобрение бр. 10-1/140 за вршење нередовен јавен воздушен превоз на холандскиот авиопревозник Corendon Dutch Airlines во периодот од 16 мај до 18 октомври 2011г. на линијата Амстердам – Охрид - Амстердам како што следи:

- од 6 мај до 14 октомври 2011г. ден 5 – петок;
- од 10 мај до 18 октомври 2011г. ден 2 – вторник;
- 23 мај 2011г. ден 1 – понеделник;
- 30 мај 2011г. ден 1 – понеделник;
- 2 јуни 2011г. ден 4 – четврток
- од 17 јуни до 2 септември 2011г. ден 5 – петок

На овој начин се отвори можност за развој на туризмот во нашата земја што е во интерес на патувачката јавност и на економијата во целост.

За повеќе информации:

www.corendon.nl

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika