Вести

  • |

Скопје, 06.06.2011


Зголемување на број на патници Април


Почитувани,

Агенцијата за цивилно воздухопловство Ве информира дека, согласно примената на процедурите од третиот пакет за либерализација на воздушниот транспорт, во месец април е забележано зголемување на бројот на патниците, за 23 % во однос на април минатата година, и за 25% зголемување на прелетите споредбено со истиот месец лани.
АЦВ, во меѓувреме го одобри редот на летање за чартер превоз, со кој дури 10 нови авиопревозници, ќе оперираат кон летните туристички дестинации, како што се Барселона, Венеција, Рим, Хелсинки, Амстердам, Анталија и Бодрум.
Едновремено, Агенцијата ја авторизираше и дезигнацијата на турскиот авиопревозник, Пегасус, кој планира редовно да оперира на дестинации во Република Турција.
Очекувањата се дека, во текот на летниот период, воздушниот сообраќај во Република Македонија, ќе се зголеми за 30 проценти во однос на истиот период минатата година.
Во рамки, пак на меѓуинституционалната соработка, АЦВ потпиша Меморандуми за соработка со Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Хрватска и Техничкиот факултет во Битола, со цел, зајакнување на едукацијата на човечките ресурси, и зголемување на заедничките активности на институциите во научно истражувачки проекти.

Скопје Служба за односи со јавноста
01.06.2011г

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika