Вести

  • |

Скопје, 29.06.2011


49- ти Меѓународен саем за воздухопловство и аеронаутика во Ле Буржие -Парис


Делегација од АЦВ, предводена од директорот д-р Дејан Мојсоски, по покана на Амбасадата на Република Франција во Скопје и директорот на францускиот Генерален Директорат за цивилно воздухопловство, од 21 до 23 јуни, присуствуваше на 49- тиот Меѓународен саем за воздухопловство и аеронаутика во Ле Буржие -Парис.

Во рамките на саемот, Мојсоски оствари средба и со директорот на францускиот ДГАЦ, Патрик Гандил, на која се разговараше за воспоставување стратешко партнерство меѓу двете институции, потпишување на Меморандум за соработка, како и за вклучување на македонските воздухопловни кадри во твининг програмите на Европската Комисија.
На состанокот на двете делегации, Гандил изрази разбирање и подготвеност за отворање на можноста за воспоставување директна линија на релација Скопје-Парис.

На покана на министерот и државниот секретар за транспорт, врски и екологија, Натали Касчиушко - Маризет и Тери Мариани, директорот Мојсоски, присуствуваше и на свечен прием, во чест на гостите присутни на 49-тиот меѓународен саем за воздухопловство и аеронаутика, на кој, пак со свои промотивни штандови за најновите технологии и достигнувања, беа застапени компании од авиобизнисот и аеронаутиката од целиот свет.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika