Вести

  • |

Скопје, 25.08.2011


Трилатерален Меморандум за разбирање потпишан помеѓу воздухопловните власти на Република Македонија, Република Албанија и Република Косово


Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, д-р Дејан Мојсоски, во Охрид на 19ти август 2011 година потпиша трилатерален Меморандум за разбирање, со господинот Ервин Мазнику, директор на Управата за цивилно воздухопловство на Република Албанија, и со господинот Дритан Џонбалај, директор на Управата за цивилно воздухопловство на Република Косово, кој претставува основа за трипартитна соработка на полето на воздухопловната безбедност.

Овој Меморандум за разбирање има за цел преку размена на информации, искуства и логистичка поддршка да ја зацврсти безбедноста во цивилниот воздухопловен сектор, на начин што секоја од страните ќе игра важна улога при постигнување на оваа цел.

Воедно, со овој Меморандум за разбирање ќе се воспостави механизам за консултација, координација и соработка помеѓу односните воздухопловни власти.

Трилатерален Меморандум за разбирање
  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika