Вести

  • |

Скопје, 31.01.2012


Агенцијата за цивилно воздухопловство издаде Уверение за работа на Школскиот центар за обука на персонал на Контрола на летање



Агенцијата за цивилно воздухопловство денес 31.01.2012 (вторник) издаде Уверение за работа на Школскиот центар за обука на персонал на Контрола на летање.

Во центарот за обука на М НАВ, ќе се едуцираат контролори и помошници контролори на летање за оперативните потреби на македонската навигација.
Оперативниот центар за обуки, ќе започне со работа од 01.02.2012 година.
Сертификацијата на школскиот центар, АЦВ ја изврши врз основа на директивата на ЕУ за лиценцирање на персонал во Контролата на летање, која се применува во земјите членки на ЕУ.
Истата е во согласност со препораките на Европската комисија за имплементација на пакетот регулативи - единствено европско небо.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika