Вести

  • |

26.10.2012


За доцнење над 3 часа, авиокомпаниите ќе им плаќаат на патниците оштета до 600 евра


Авиокомпаниите што ќе доцнат повеќе од три часа ќе мора да им исплатат отштета на патниците од 250 до 600 евра во зависност од далечината на летот. Оваа нова одлука на Европскиот суд на правдата ја официјализираа и европските воздухопловни власти. Таа ќе важи за сите авиокомпании, ќе биде облигаторна, патниците ќе можат да си побараат отштета само ако задоцнувањето или одложувањето на летот не се однесува на вонредни околности кои се надвор од контрола на компанијата. Патниците можат да си побараат отштета од 250 евра за релации до 1500 километри, 350 евра за релации до 3500 километри и 600 евра и повеќе за релации над 3500 километри. Ако одложувањата се преку ноќ патниците имаат право да добијат и хотелско сместување и трансфери до хотелот. Овие надоместоци важат и за македонските граѓани. Секој патник отштета бара од авиокомпанијата. Таа во рок од 6 недели е должна да ја исплати, ако патникот е незадоволен тогаш треба да се обрати во Агенцијата за цивилно воздухопловство каде ќе добие правна помош.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika