Вести

  • |

13.11.2012


Македонците ги надлетаа Европејците


КУПУВАМЕ ПОВЕЌЕ КАРТИ ОТКОЛУ ЛАНИ
          Според Евростат, во првата половина од годинава за 19 отсто се зголемил процентот на македонски граѓани што патувале со авион, во споредба со лани. Македонските граѓани годинава летаат повеќе одколку лани, користејќи ги благодетите на безвизното патување, но и на поевтините летови, покажува последното патување на Евростат. 
          Статистичката агенција на Европската унија забележува дека најголем пораст на бројот на патниците во авион од земјите надвор од Европската унија чии податоци се разгледувале, има кај Македонија. Според пресметките на Евростат, првата половина од годинава за 19% се зголемил процентот на македонските граѓани што патувале со авион, во споредба со лани. Најмал раст кај земјите од ЕУ било забележано кај Швајцарците (6%).  
          Што се однесува до земјите членки на ЕУ, заклучокот е дека кризата го намалува користењето на авионскиот превоз. Дванаесет земји во првите 6 месеци од 2012 година, покажале пад во нивото на патници што седнуваат во авионското столче. Тоа особено е забележано кај Словаците (-14%) и Словенците (-13%), но кај наѓите соседи Грците (-9%), како и Бугарите (-1%). За 7% повеќе отколку минатата година летале Хрватите. 
          Во трката по авионски карти први се Литванците кои летале за 23% отколку лани, како и Естонците - со 22%. Влијанието на кризата, како што забележува Евростат, може да се забележи и ако се погледне статистиката по аеродромите. Во 2012 година се забележува нагорен тренд во 19 од 30 поголеми аеродроми во Европа. Најголем раст меѓу 30-те аеродроми е забележан во Виена (за 10%), а на спротивната страна се грчките и шпанските аеродроми, каде што е забележано намалување во почетокот на 2012 година. За 11% се намалил бројот на патниците на Атинскиот аеродром, а 8% помалку патници годинава слетале и полетале од аеродромот во Мадрид. За 5% се зголемил бројот на патниците на парискиот "Шарл де Гол", за 3% во Франкфурт, а за 6% во Амстердам. Седум отсто зголемување на бројот на патници има на аеродромот во Берлин.Намалувањето на авиопревозот на патници во 2008 година, како што посочува Евростат, ги покажа првите знаци на закрепнување во 2009 и 2010 година. Во 2011 година, нагорниот требд беше потврден - на ниво на ЕУ беше забележан раст од 5,7%во споредба со 2010 година.


  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika