Вести

  • |

03.12.2012


Република Македонија и Канада ќе парафираат спогодба за воздушен сообраќај


 РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И КАНАДА ЌЕ ПАРАФИРААТ СПОГОДБА ЗА ВОЗДУШЕН СООБРАЌАЈ

          Агенцијата за цивилно воздупловство на Република Македонија и воздухопловните власти на Канада, наскоро ќе парафираат Спогодба за воздушен транспорт и ќе потпишат Меморандум за разбирање меѓу двете земји.

На иницијатива на директорот на АЦВ, д-р Дејан Мојсоки, канадските власти ја отворија можноста, за поставување правна рамка меѓу двете држави, за воспоставување меѓународен воздушен сообраќај, темелен врз законите на конкуренцијата, овозможувањето што поголеми можности и избор на услуги за патувачката јавност, и поттикнување на авоиопревозниците на двете земји да формираат иновативни и конкурентни цени на пазарот.Притоа и да им обезбедат на своите патници, највисок степен на безбедност и обезбедување на воздушниот сообраќај од секаков вид закани.

Текстот на Спогодбата за воздушен сообраќај, кој ќе биде доставен на разгледување и усвојување до Владата на Република Македонија, преставува концепт на соработка во делот на воздухопловството, кој предвидува слободна пазарна конкуренција, без рестрикции по однос на линиите, бројот на авиопревозниците кои ќе го вршат сообраќајот, капацитетот, фреквенциите односно типовите на воздухоплови.

          Спогодбата, има за цел, да ги постави правните основи и услови за авиопревозниците на договорните страни да отворат и да одржуваат воздушен сообраќај меѓу двете земји, доколку сметаат дека постои економска оправданост. Директното воздушно поврзување меѓу двете земји, индиректно би влијаело и на унапредувањето на севкупните односи меѓу двете земји, на економски, научен и културен план, и ќе им донесе позитивните ефекти за работата на авиопревозниците на договорните страни.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika