Вести

  • |

03.12.2012


Република Македонија ќе склучи спогодба за воздушен сообраќај со Бразил


РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СКЛУЧИ СПОГОДБА ЗА ВОЗДУШЕН СООБРАЌАЈ СО БРАЗИЛ

 

          Воздухопловните власти на Бразил, со задоволство ја прифатија иницијативата на Агенцијата за цивилно воздухопловство за склучување Спогодба за воздушен сообраќај со Бразил.

      Нацрт-спогодбата за соратботка со бразилските воздухопловни власти се темели, на либерална основа и промовира меѓународен воздушен сообраќај, кој ќе ги почитува законите на конкуренцијата, минимално ќе дозволува мешање на државната регулатива, за да и се овозможи на патувачката јавност, поголеми можности и избор на услуги, ќе ги поттикне авиопревозниците на двете земји да формираат иновативни и конкуретни цени на услугите, а во истовреме ќе обезбеди највисок степен на безбедност и обезбедување на воздушниот сообраќај.

          Либералниот концепт на Нацрт-спогодбата, предвидува слободна пазарна конкуренција, во која определените авиопревозници на двете договорни страни имаат право, да реализираат летови по свој избор, да вршат сообраќај во двата правци, но и да опслужуваат дестинации помеѓу и надвор од македонската и бразилската територија.Може да оперираат на линии во секоја комбинација и по секаков редослед, да го пренесуваат сообраќајот од едни на други воздухоплови во кои било места на нивната линија, да комбинираат различни броеви на летови во рамките на една операција на воздухоплов и да користат сопствени или изнајмени воздухоплови.

           Определените авиопревозници на двете договорни страни имаат право да користат во секаков тип на сообраќај (патнички, товарен, одделено или во комбинација), целосни сообраќајни права од првата до деветтата слобода, до и од кои било места помеѓу или места вон, без никакви ограничувања.

          Воспоставувањето директна воздушна линија межу Македонија и Бразил индиректно би влијаел на унапредувањето на севкупните односи меѓу двете земји и тоа на економски, научен и културен план и би донел позитивни ефекти за работата на авиопревозниците како и големи можности за патувачката јавност на двете земји.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika