Вести

  • |

Скопје, 14.03.2012


Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Агенциjата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и белгиската воздухопловна власт за административна билатерална примена на Спогодбата ЕЗВО


Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија д-р. Дејан Мојсоски потпиша Меморандум за разбирање со Директорот на белгиската цивилно воздухопловна власт г. Френк Дуринкх, за административна билатерална примена на Спогодбата ЕЗВО.

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање, двете воздухопловни власти се заложија за примена на Спогодбата за европска заедничка воздухопловна област како и јакнење на соработката помеѓу двете земји со цел либерализација на воздушниот транспорт на релација Белгија – Македонија.

Меморандум за разбирање Македонија/Белгија
  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika