Вести

  • |

Скопје, 21.03.2012


SAFA програмата во Република Македонија целосно имплементирана согласно стандардите на Европската Унија


Агенцијата за цивилно воздухопловство ги затвори сите забелешки утврдени при последната стандардизациска инспекција спроведена од страна на Европската агенција за безбедност во воздухопловството (European Aviation Safety Agency – EASA), во делот на имплементацијата и функционирањето на SAFA програмата во Република Македонија. Европската агенција за безбедност во воздухопловството (EASA) во име на Европската Комисија во декември 2010г спроведе стандардизациска инспекција врз Агенцијата за цивилно воздухопловство во однос на имплементацијата и функционирањето на SAFA програмата во Република Македонија. Стандардизациската инспекција е спроведена во согласност со (EC) Regulation No. 736/2006. При стандардизациската инспекција утврдени се вкупно 16 забелешки. Агенцијата за цивилно воздухопловство изготви Корективен акционен план со прецизно утврдени мерки и рокови за затворање на утврдените забелешки и истиот беше прифатен од страна на Европската агенција за безбедност во воздухопловството (EASA). Согласно Корективниот акционен план, Агенцијата за цивилно воздухопловство во февруари 2012г ја затвори последната утврдена забелешка, по што господинот Тревор Вудс (Approvals and Standardisation Director-EASA) на 12.03.2012г официјално ја потпиша Потврдата за затворање на утврдените забелешки при стандардизациската инспекција (Statement of Findings Closure in accordance with (EC) Reg. No. 736/2006 Article 12(b) Report SAFA.MK.12.2010). Потпишаната потврда претставува официјален документ со кој се потврдува дека SAFA програмата во Република Македонија е целосно имплементирана согласно стандардите на Европската Унија.

SAFA програмата (Safety Assesement of Foreign Aircraft – Programme) e програма која е наменета за инспекциски надзор над странски воздухоплови кои слетуваат на домашните аеродроми, во однос на безбедноста.

SAFA програмата е задолжителна во ЕУ од 2004 година со објавувањето на ЕУ директивата 2004/36/EC ( “SAFA Директива”).Покрај земјите-членки на ЕУ, во програмата учествуваат уште 15 европски држави кои со ЕУ имаат потпишано соодветни договори (“Working Arrangements”), со што се обврзуваат дека ќе ја спроведуваат програмата во согласност со ЕУ стандардите.Република Македонија таков договор потпиша на 14.12.2006 година. SAFA програмата подразбира имплементација на целиот збир на подзаконски акти ( моментално во форма на ЕУ директиви и регулативи) и бара взаемна активност на повеќе организации и институции (European Commission, Eurocontrol, EASA, NAAs).

Анализата, донесувањето на заклучоци и донесување на мерки кои можат да имаат тешки последици (како на пример забрана за влегување во воздушен простор на поедини оператори или пак на сите оператори од одредена држава) зависат од влезните податоци кои во базата на податоци ги внесуваат државите. Со други зборови, иако се работи за европски проект кој го координира EASA, квалитетот на работата директно зависи од начинот на имплементација во државите кои учествуваат во програмата. Поради тоа Европската Комисија го започна процесот на стандардизација со цел проверка на усогласеност на сите елементи од кои зависи веродостојноста на програмата: имплементација во закон и подзаконски акти, обука на инспектори (theoretical, practical, on-the job, recurrent), квалификации на инспекторите, опрема која се користи при вршење на инспекциите, внатрешни процедури.

Писмо за целосно затворање на забелешките
  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika